Македонски судии за „лисиците“

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за шестото коло од групната фаза во Лигата на Европа.

Македонските арбитри Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе делат правда на дуелот во Букурешт, меѓу Динамо и бундеслигашот Фуксе Берлин.

„Лисиците“ досега забележаа три победи на три меча и се на првото место, додека Динамо Букурешт мора да победи ако сака да остане во игра за место во осминафиналето.

Натпреварот се игра утре со почеток во 16:30 часот.

ЕХФ делегираше македонски судии и за дуелот во Кил од Лигата на шампионите, каде домашниот тим ќе го пречека данскиот првак Алборг. Таму правда ќе делат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.