Македонски двоец во Феризај – Николовски и Божиновски потпишаа за Кастриоти

Откако најдобриот прволигашки стрелец Адис Салиу потпиша за косовскиот тим Кастриоти, уште две засилувања од Македонија му се придружија во Феризај.

Станува збор за десното крило Бојан Николовски и чуварот на мрежата Мартин Божиновски.

Николовски е искусен суперлигашки играч, кој последно играше за Скопје, а претходно беше дел од Пролет, Бутел Скопје и Металург 2.

Голманот Мартин Божиновски, минатата сезона бранеше за Вардар Неготино, а има настапувано и за Металург 2, како и Весна Акумулатори од Пробиштип.

Покрај Салиу, Николовски и Божиновски, косовскиот тим се засили со уште два бека – Босанецот Самид Мекиќ и Бразилецот Гиљерме Да Силва Фернандеш.