Македонските ракометарки пристигнаа во Норвешка (ФОТО)

Maкедонските ракометарки утре од 16:00 часот ги очекува вториот натпревар во ЕХФ Евро Купот против Норвешка.

Норвежанките во Скопје забележаа триумф од 18:24 во натпревар во кој нашите ракометарки одлично се држеа се до финишот кога започнавме да правиме технички грешки, а тоа селекција како Норвешка сигурно дека знаеше како да го искористи.

На табелата во Евро Купот Норвешка со десет бода е првопласирана, а Македонија е последна без бодови.