Македонска свирка за Косово и Шведска

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за второто коло од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година.

Двобојот меѓу Косово и Шведска од групата 8, што ќе се одигра денеска од 17:00 часот во Приштина, им е доверен на македонски арбитри.

Даниело Божиновски и Виктор Начевски ќе ја делат правдата на овој натпревар, на кој скандинавците се големи фаворити. Делегат ќе биде Хашани од Косово.

Во првите натпревари, Косово беше убедливо поразено на гости кај Црна Гора, а Шведска без проблем славеше дома над Романија.