Македонска радост во Грција: Еурофарм Пелистер го надигра и преслуша АЕК

Ракометарите на Еурофарм Пелистер после пораз и реми, дојдоа до првата победа во Групата Д од Лигата на Европа откако го совладаа Аек на негов терен со 30:27.

Еурофарм Пелистер од почеток до крај беше во предност и имаше целосна контрола на средбата и резултатот така што конечниот епилог не е никакво изненадување на овој дуел. Единствен пат кога беше нерешено, тоа беше уште на стартот кога после 1:0 домашните израмнија на 1:1.

Веднаш после ова тимот на Еурофарм Пелистер имаше 4:1, а овие три гола во 10. минута беа и плус пет, 9:4, па беше полесно да се игра во продолжение.

Почетокот на средбата беше одличен за пелистерци со оглед на тоа што голманите немаа одбрани во првите 20 минути така што предноста беше одлична во еден таков период на игра се чуваше и водството.

Добрата игра беше на дело до крајот на првите 30 минути за на одмор да се замине со резултат 16:13.

Продолжението од натпреварот донесе интересен тек. Домашните се обидоа да се вратат во средбата, но секогаш кога ќе почнеа да се доближуваат следуваше реакција. Главно предноста на Еурофарм Пелистер се движеше меѓу три и пет гола. Одбраната функционираше, имаше помош и од голманите, па беше лесно да се влезе во финишот со убава предност.

На средина од второто полувреме водството за Еурофарм Пелистер беше 25:19 и тука веќе почна да станува јасно кој победува. Аек се обиде да фати приклучок, но Секељ симна неколку зицери и остана само да се доработи задачата до крај.

И на четири минути до крајот предноста беше иста. Еурофарм Пелистер имаше плус шест и остануваше само прашањето кој ќе биде конечниот резултат. Веќе немаше дилема дека Еурофарм Пелистер ќе победи и ќе му го нанесе првиот пораз на Аек. Воедно ова е првиот триумф за тимот од Битола во групата Д од Лигата на Европа, па сега ќе биде сигурно многу полесно на следните натпревари.

16 ноември 2021
27 - 30
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
16 ноември 2021 20:17 ЛИГА ЕВРОПА D 2021/2022 16.11.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
АЕК1327Пораз
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1630Победа

АЕК

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Евангелос Арампацисдесно крило03
3Јурај Бријаткалево крило00
6Димитриос Цирасдесно крило16
10Панајотис Николаидислев бек00
12Горан Анѓелиќголман00
13Христодулос Милонаслев бек06
15Ефтимиос Илијопулосдесен бек00
16Петрос Буковинасголман00
17Игнасио Плазапивот00
18Игнасио МојаСреден бек02
19Константинос КоционисСреден бек01
22Анастасиос Пападинисиупивот12
23Кристијан Угалделево крило13
25Софијане Бенџилалипивот00
34Јоанис Каломоирослев бек02
56Абдерахим Беријахдесен бек02
 Вкупно 327

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Матео Марашдесен бек00
3Гоце Ојлескилево крило02
4Никола Маркоскипивот01
6Бојан Маџовскилево крило01
9Стипе Мандалиниќлев бек03
12Мартон Секељголман00
14Марио Танкоскицентрален бек00
18Јосип Периќцентрален бек08
19Ненад Костескидесно крило01
24Милорад Кукоскилев бек10
30Мартин Велковскидесен бек01
32Јосип Божиќ Павлетиќдесно крило03
59Елмир Граџанпивот02
74Немања Обрадовиќцентрален бек22
97Рение Табоадацентрален бек06
98Марко Кизиќголман00
 Вкупно 330

ЛИГА НА ЕВРОПА – ГРУПА Д

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ФУКСЕ БЕРЛИН10100020
2АРХУС1070314
3БИДАСОА ИРУН104159
4МОТОР103167
5АГУА САНТАС101274