Македонската куќа на ракометот ја заврши 2021 година во финансиски плус

На денешното Собрание на Ракометната федерација на Македонија беше презентиран и финансискиот извештај за 2021 година. Приходите на РФМ за 2021 година изнесува 115.137.311,00 денари, додека расходниот дел е во износ од 107.436.384,00 денари, па финансискиот плус изнесува 7.700.927,00 денари.

Овој дел се однесува на водење на сите лиги на РФМ, националните селекции, расходи на организацијата меѓународни и Куп натпревари и квалификациски турнири, трошоци за ракометниот турнир во Струга, трошоци за развој на младински ракомет, учество на меѓународни натпревари во сите категории, како и редовните режиски расходи на канцеларијата на РФМ.

Финансиските средства останати од буџетот од 2021 година се искористени за учество на машката сениорска репрезентација на Македонија за ЕП 2022 година во Унгарија и Словачка, а дел од ќе бидат искористени за следните квалификациски натпревари во 2022 година на машката сениорска репрезентација за учество на СП во Шведска и Полска 2023 година.