Македонките имаа одлично издание, Коњалти ита кон Европа

Репрезентативката на Македонија, Моника Јанеска, заедно со поранешната ракометарка на Вардар и Металург, Ивана Гакидова, одиграа голема улога во победата на Коњалти против Гореле, 39:27, во натпревар од 19. коло во шампионатот на Турција.

Формата од репрезентативните настапи, Јанеска ја потврди во денешниот натпревар, беше стрелец на четири погодоци, додека еден повеќе постигна кружниот напаѓач Ивана Гакидова. Двете ракометарки од Македонија освен во нападот, одиграа солидно и во одбрана.

За Коњалти овој натпревар беше многу важен бидејќи со новите освоени бодови ги задржа шансите за второто место на табелата. До крајот остануваат уште три кола и секој освоен бод ќе игра голема улога во пласманот на екипите кои се позиционирани од првото, па сѐ до четвртото место.

Моментално, лидер е екипата на Кастамону со 36 бода, пет помалку има Јаликавак (31), кој се наоѓа на второто место, додека Измир на Јелиз Озел е на 3. позиција со 29 бода. Кастамону на табелата има 28 бода, а во последните три натпревари има противници по мерка – Его Спор, Текирдаг и Ускудар.