Македонија против традицијата – на пет гостувања во Чешка само едно реми и четири високи порази!

Традицијата на меѓусебни натпревари на машките репрезентации на Чешка и Македонија започнува уште од септември 1995 година, кога двете селекции се сретнаа два пати во квалификациите за ЕП 1996.

Нашиот национален тим досега пет пати има гостувано во Чешка на квалификациски средби и има само едно реми, 27-27, додека другите четири средби ги загуби, два од нив и со двоцифрена разлика.

Покрај десетте квалификациски дуели, Македонија и Чешка играа и пет пати на големите натпреварувања, односно на ЕП.

Традиција постои за да се руши, па се надеваме дека нашите момци вечерва ќе можат да извлечат позитивен резултат на тешкото гостување во Злин. Натпреварот стартува од 20:15 часот.

Меѓусебни натпревари на Чешка и Македонија:

27.09.1995, Чешка – Македонија 33-16, квалификации за ЕП 1996
30.09.1995, Македонија – Чешка 27-27, квалификации за ЕП 1996
04.06.1998, Чешка – Македонија 38-18, ЕП 1998
18.01.2006, Македонија – Чешка 36-31, квалификации за СП 2007
27.01.2006, Чешка – Македонија 43-25, квалификации за СП 2007
19.01.2012, Чешка – Македонија 21-27, ЕП 2012
14.01.2014, Македонија – Чешка 24-24, ЕП 2014
02.11.2014, Чешка – Македонија 27-27, квалификации за ЕП 2016
14.06.2015, Македонија – Чешка 32-28, квалификации за ЕП 2016
11.06.2016, Чешка – Македонија 28-22, квалификации за СП 2017
15.06.2016, Македонија – Чешка 34-27, квалификации за СП 2017
05.11.2016, Чешка – Македонија 35-28, квалификации за ЕП 2018
18.06.2017, Македонија – Чешка 33-20, квалификации за ЕП 2018
24.01.2018, Македонија – Чешка 24-25, ЕП 2018
12.01.2020, Чешка – Македонија 27-25, ЕП 2020