Македонија загуби од Франција, ќе игра за 15 место на ЕП!

Женската репрезентација на Македонија го доживеа седмиот пораз на Европското првенство во ракомет на плажа.

Во португалскиот град Назаре, подобра од Македонија беше селекцијата на Франција со 2-0 во сетови.

Франција првиот сет го доби со 16-9, додека избраничките на Златко Мојсоски беа поконкурентни во вториот сет, па загубија со 17-12.

За Македонија останува уште една средба, односно борбата за избегнување на последното место на ЕП.