Македонија доби уште една судиска двојка во ЕХФ семејството

Браќата Методија и Михајло Илиевски од Битола се новите судии од Македонија кои добија ЕХФ амблем и во новата сезона се здобија со право да судат меѓународни натпревари.

Илиевски беа дел од ЕХФ шампионатот за кадети кој беше одигран во Скопје и ова беше практично натпреварување на кое требаше да го покажат своето знаење и да положат за да се здобијат со место во ЕХФ семејството.

Од денеска го имаат и овој сертификат, па Македонија доби нова судиска двојка која ќе има можност да дели правда на меѓународна сцена.

Тие веќе неколку сезони се стандардни на натпреварите од Супер лигата така што имаат доста натпревари зад себе така што со ова само добиваат можност за напредување во кариерата.