Македонија дефинитивно нема да игра на СП, Чиле го доби последниот билет за Египет!

Машката репрезентација на Македонија, иако требаше да добие место, сепак нема да игра на Светското првенство што ќе се одржи во Египет следната година.

Последното слободно место, Светската ракометна федерација и го додели на селекцијата на Чиле, која беше најголем фаворит на квалификацискиот турнир „Последна шанса“ во Средна и Јужна Америка што не се одржа поради коронавирусот.

Чиле ќе игра во групата Г заедно со Египет, Шведска и Чешка, а настапот на ова СП ќе биде шесто по ред, по дебито на СП во Шведска во 2011.

Македонија сега ќе се концентрира на квалификациите за ЕП 2022 и да се надева на полесен ривал во бараж средбите за СП 2023 во Полска и Шведска, каде што за Европа ќе бидат резервирани 13 места.