Македонија губи на полувреме против Црна Гора, но има нов лик

Репрезентацијата на Македонија во женска конкуренција покажа дека има иднина, но дека ќе треба многу работа, а после првите 30 минути против Црна Гора има 9:13.

Подмладениот состав имаше тежок почеток на средбата и долго го чекаше својот прв погодок. За него се чекаше дури до 11 минута кога Ристовска од пенал намали на 1:3. Сепак, после првите десет минути во грч дојде до поправање на работите и Македонија влезе во далеку подобар период.

Најдобрите три минути беа од 14. до 17. минута кога од 2:5 со квалитетна игра во одбраната и реализација во нападот брзо се стигна до 5:5 и се фати приклучок. Ритамот беше задржан, но следуваше игра гол за гол. Притоа во една таква игра имаше и шанси за да се дојде до прво водство, но шансите не беа искористени, па постојно се бркаше резултат.

При 7:7 во 21. минута неколку напади не се користеа. Дел од шутевите завршуваа и во рамки на голот, а Црногорките казнија и стигнаа до највисоки плус четири, 11:7 на четири минути до крајот на првото полувреме.

Во завршницата одново се влезе во игра гол за гол при што се дојде до резултат од 9:13 на одмор така што е сосема извесно дека во продолжението ќе биде исто така интересно особено откако се виде дека може да се надигрува со Црногорките.

После 30 минути, Мицевска има шест одбрани исто како и Рајчиќ. Головите за Македонија во првиот дел ги постигнаа Ристовска 3, Стојковск и Гичевска по два, а по еднаш прецизни беа Јанкуловска и Миновска. Во Црна Гора поранешната ракометарка на Вардар, Итана Грбиќ и Матеа Плетикосиќ се најефикасни со по четири гола.