Македонија во Пореч без Митревски, Талески и Кузманоски

Машката репрезентација на Македонија влегува во завршната фаза од подготовките за Светското првенство во Полска и Шведска.

За настапот на „Кроација Куп“ и дуелите со Хрватска и Израел, селекторот Кире Лазаров нема да смета на троjца ракометари.

Станува збор за Филип Талески кој има повреда на скочниот зглоб, и му треба мирување за да биде санирана, додека поштеда ќе добие и Никола Митревски, а нема да игра ниту Цветан Кузманоски.

Натпреварот меѓу Македонија и Хрватска се игра на 6 јануари од 20:15 часот, додека на 7 јануари во истиот термин нашите ракометари ќе играат со Израел.

Македонија е во група со Норвешка, Холандија и Аргентина, а првиот меч во „Таурон Арена“ го игра на 13 јануари против Норвежаните.