Македонецот се враќа во Шпанија: Дарко Димитриевски потпиша за Ваљадолид!

Mакедонскиот интернационалец Дарко Димитриевски по само една сезона во Германија, се враќа во Шпанија.

Средниот бек потпиша за тимот на Ваљадолид, каде што ќе игра заедно со уште Македонец – Димитар Димитриоски.

Димитриевски играше за германскиот Емстеден, но овој клуб испадна во Третата Бундес лига, па средниот бек се реши за камбек во Шпанија.

Димитриевски потекнува од Борец Велес, играше за МРК Вардар, Куманово, Металург катарскиот Катар Спорт, унгарскиот Чурго, израелскиот Хапоел Ашдод, како и за шпанските Сагунто, Адемар Леон и Синфин Сантандер.

Покрај Димитриоски и Димитриевски, Ваљадолид кој е предводен од Давид Писонеро, екс тренерот на Вардар, се засили уште еден поранешен вардарец, Жозе Толедо.