Магдебург му се заблагодари на Кузмановски: Можеби пак ќе соработуваме во иднина!

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски по само една сезона помината во бундеслигашот Магдебург, ќе има нов предизвик во кариерата.

Иако имаше договор на три сезони, малата минутажа и недовербата од тренерот е причина што левиот бек се реши за трансфер во Хановер.

Од Магдебург му се заблагодарија на Кузмановски за придонесот во екипата.

„Кузмановски е млад ракометар во кој гледам голем потенцијал, но на крајот од денот за жал, можеби немав доволно трпение кое сакав да го имам со него. Tој дојде кај нас со желба да тргне на нов пат и му ја исполнивме оваа желба. Не сакавме да му пречиме за да напредува во иднина. Можеби повторно ќе работиме заедно во иднина. Мене многу ми се допаѓа Кузмановски и му посакувам се најдобро“, изјави тренерот Бенет Вигерт.