Лудвигсхафен со победа тргна во битката за опстанок во Бундес лигата

Нордхорн и Лудвигсхафен во 21. коло од Бундес лигата го одиграа дербито на дното во кое поуспешна излезе екипата на Мартин Томовски која славеше со 21:19. Репрезентативниот голман на Македонија немаше минутажа да овој дуел.

Во поголемиот дел од натпреварот предноста беше во корист на гостинската екипа. Тимот на Лудвигсхафен одлично го почна мечот со 3:0, но до полувремето домашниот тим ја анулираше негативата и на пауза отидоа со израмнети 9:9.

Второто полувреме помина во израмнета игра, во неколку наврати Лудвигсхафен имаше три позитива, но во финишот се влезе во неизвесна завршница на мечот. Нордхорн израмни во 58. минута на 19:19, сепак, ракометарите на Лудвигсхафен подобро се снајдоа во последните две минути и остварија важна победа.

Еден од најзаслужните за победата беше голманот Шкоф кој имаше 10 интервенции. Со овој триумф Лудвигсхафен се израмни со Штутгарт со по 12 бодови, но останува во опасната зона на претпоследната позиција на табелата. Нордхорн останува закован на дното со само два бода.