Лоши вести за Карабатиќ, операцијата на коленото помина со компликации

Еден од најдобрите ракометари во последните години, Никола Карабатиќ беше подложен на хируршка интервенција за да се санира повредата на коленото. Се очекуваше дека ќе мине сè во најдобар ред, но дојде до компликации.

Информациите говорат дека поради воспалување на вената имало компликации, па поради ова морал да остане дури десет дена во болница за да се санираат проблемите после операцијата.

Според проценките кои ги даваат сега докторите паузата може да трае многу подолго од првите прогнози. Заздравувањето би можело да трае од 6 до 8 месеци.

Доколку оди се според планот тогаш Карабатиќ би можел да игра на Олимписките игри во Токио следното лето што секако ќе биде добра вест за репрезентацијата на Франција.