Лоши вести за Веспрем и Србија – Петар Ненадиќ е повреден, ќе мора на пауза

Ракометарот на Веспрем, Петар Ненадиќ има повреда на бутниот мускул и најверојатно ќе мора да биде надвор од терените во следните шест до седум недели.

Оваа вест е лоша и за тренерот на Веспрем, Момир Илиќ и за селекторот на Србија, Тони Херона бидејќи без Ненадиќ во составот тимот нема да биде ист и ќе биде значително ослабен на следните натпревари.

Според информциите поради тежината на повредата тој сигурно нема да може да игра до крајот на оваа година. Докторите најавуваат месец и пол за заздравување, а ова значи дека не би можел ниту на подготовки со репрезентацијата на Србија за Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Доколку оди сè според планот тогаш би можел да се стави на располагање на тренерот на Веспрем за вториот дел од сезоната, кој стартува од февруари.