Локомотива во финишот се спаси од нов срам

Екипата на Локомотива Загреб, во која настапуваат трите репрезентативки на Македонија, Андреа Седлоска, Леонида Гичевска и Сања Дабевска, во заостанатиот натпревар од 3. коло потешко од очекуваното славеше над Кока од Вараждин со пет гола разлика, 26:21 (11:13).

Ракометарките на Кока речиси во целиот натпревар беа рамноправен противник, а на полувреме имаа и два гола предност, 13:11. На десет минути пред крајот домашната екипа заостануваше на минус еден гол разлика, 20:19.

Сепак, избраничките на Ненад Шоштариќ се консолидираа во клучните моменти и не дозволија да има изненадување.

Средниот бек Леонида Гичевска и кружниот напаѓач Сања Дабевска постигнаа по еден гол, додека Андреа Седлоска не успеа да се запише во листата на стрелци.

Следен предизвик за Локомотива Загреб е дуелот против Будуќност во рамки од Лига на шампионите. Во претходното коло од ЛШ, тимот на Локомотива Загреб катастрофално поразен од Сторхамар со 37:13.