Лимож ги изненади Нант и Лазаров

Екипата на Нант каде што настапува Кире Лазаров забележа неочекуван и изненадувачки пораз во 5. коло од првенството на Франција откако на домашен терен загуби од составот на Лимож со 27:29.

Нант имаше добар почеток, влезе со предност во натпреварот и дваесетина минути оджуваше позитива. Во последниот дел од првото полувреме Лимож го сврте резултатот и на паузата замина со минимални 13:14.

Во вториот дел се играше многу израмнето со менување на водството на екипите. Нант во 45. минута имаше водство 24:21, но во продолжение дозволи противникот повторно да ја врати предноста и до крај да стигне до голема победа.

Кирил Лазаров натпреварот го заврши со три погодоци од пет удари, додека најефикасен во тимот на Нант беше Ривера со осум гола. Нјзаслужен за победаtа на Лимож беше Драган Гајиќ кој постигна осум гола меѓу кои беше и победничкиот.