Лејно: Со сопругата и децата немавме друг избор, моравме да останеме во Франција

Французинката Амандин Лејно која дел од својата кариера го помина во Скопје во екипата на Вардар во моментите на светска криза се наоѓа во својата земја. Откако се врати за репрезентативниот собир во Франција зафати епидемијата и потоа немаше можност повторно да замине за Унгарија кај својата екипа Ѓер.

Во интервју за sport24.lefigaro.fr Лејно зборуваше за моменталната ситуација, плановите за Олимписките игри кои се одложени за наредната година, за предлогот на ЕХФ за завршниот турнир и влијанието на коронавирусот во ракометот.

„Добро сум, сега сум кај моите родители во Ардече. Дојдов во Франција за репрезенттивниот собир но потоа Унгарија ги затвори границите и останав тука. Со мојата сопруга и децата немавме друг избор освен да останеме во Франција. Многу е комплицирано да се тренира. Добивам програма од тренерите која се обидувам да ја следам според можностите со опрема и простор. Мораме да ги почитуваме препораките за карантин и не можам да одам надвор да трчам, моментално работам на зајакнување на мускулите“, рече Лејно.

Во однос на одложувањето на Олимпијадата за наредната година, Лејно сè уште нема одлучено дали ќе настапи. Претходно таа најави дека ќе се повлече од репрезентацијата после игрите, но коронавирусот можеби ќе и го смени планот.

„Одложувањето на Олимписките игри беше мудра одлука, како од спортсаа гледна точка така и од здравствена. Никој не може да предвиди до кога ќе трае ова. Спртистите во Олимпиското село се наоѓаат на мал простор, големи згради, големи кафитерии, заедно јадеме и има многу контакти. Сакам да учесствувам на Олимпписките игри и точно е дека сакав да ја прекинам репрезентативната кариера после овие игри. Сè уште не знам, да заврши сезоната па потоа добро ќе размислам пред да донесам одлука“, продолжи Французинката.

Мислењата на Лејно за новиот термин кој го објави ЕХФ за завршниот турнир во Лигата на шампиони се поделени.

„Многу е специфична ситуацијата. Девојките кои цела сезона се бореле да стигнат до завршниот турнир, а го напуштат клубот за кој играле иако ќе обезбедат пласман нема да играат. Ја разбирам желбата на ЕХФ да се одржи овој настан кој со нетрпение го очекуваат сите. Моите ставови се поделени на оваа тема. Не знаеме какво ќе биде општеството утре, некои спонзори може да имаат потешкотии во овој период и можеби ќе се откажат. Тоа секако создава загриженост, но сигурно е дека ние играчите ќе продлжиме да се бориме за развој и унапредување на женскиот ракомет“; заврши Лејно.