Лесјак: Заслужена победа на Вардар

Еурофарм Пелистер загуби на првиот дерби натпревар оваа сезона со 31-24 и ќе мора да брка висока победа на реваншот во Битола во мај.

Словенечкиот голман Урбан Лесјак, кој имаше солидна партија меѓу стативите, вели дека победата на Вардар е комплетно заслужена.

„Не знам што да кажам. На почетокот на вториот дел излеговме добро на терен, Вардар постигна неколку лесни голови, потоа додаде уште неколку и лесно ги одржуваше до крајот на натпреварот. Треба да му честитаме на ривалот, заслужена победа“, вели Лесјак.

Втората средба меѓу овие две екипи во мај во Битола ќе го даде одговорот за шампионот на Македонија.