Лекиќ: Тешко ми е…но ќе играм уште една сезона

Тимот на Ференцварош загуби во финалето на завршниот турнир во Лигата на шампионите од норвешкиот Вајперс Кристијансанд.

Повторно без титула останаа двете екс членки на Вардар, Андреа Лекиќ и Драган Цвијиќ.

Сепак, левиот бек Лекиќ, која заедно со Емили Болк беа најефикасни во поразениот табор со по пет погодци, истакна дека завршената сезона не значи крај за нејзе.

,,Мислам дека натпреварот го изгубивме на почетокот на вториот дел, тие направија недостижна разлика, Лунде беше одлична на голот, бранеше кога беше најпотребно, едноставно некои сегменти во денешната игра не функционираа, одбраната не беше на задоволително ниво, така што имавме многу проблеми. Исто така, многу лошо го отворивме дуелот, и секако, кога бркате негатива е многу тешко да се вратите во игра. Искрено, многу ми е жал, тешко ми е, но тие беа подобри, се работи за поискусна екипа, а ние не одигравме како знаеме и повторно Лунде си го направи своето. Не треба да се заборави овој успех на Ференцварош, клубот направи историски пласман со учеството на Ф4 турнирот и на почетокот на сезоната никој би не сметал за учесници меѓу најдобрите четири екипи. Секако дека е тешко, но јас сум горда, направивме неколку чуда во оваа сезона, пораз како пораз, ова нека биде лекција за помладите играчи во иднина, бидејќи најверојатно јас ќе играм уште една сезона .Се чувствувам добро, оваа беше добра сезона за мене”, изјави Лекиќ.

Лунде „пуштена“ на најсилно, Кристијансанд со хет-трик во Лигата на шампионите!

Лунде „пуштена“ на најсилно, Кристијансанд со хет-трик во Лигата на шампионите!