Лекиќ: Пласманот на Олимписките игри во Токио ќе биде мојот врв!

Минатата недела женската репрезентација на Србија го имаше првиот собир годинава во рамки на ЕХФ неделата после минатогодишниот настап на Светското првенство во Јапонија.

Српската репрезентативка и поранешна ракометарка на Вардар, Андреа Лекиќ после одработените подготовки ги истакна впечатоците од собирот и целите кои посакуваат да ги остварат во наредниот период.

„Бидејќи го пропуштив последниот Мундијал во Јапонија, овој собир значеше многу за мене како и за сите нас. Националниот тим не тренираше заедно повеќе од девет месеци. Одлично е што се собравме, бидејќи знаеме дека ни претстои одлучувачката сезона, од која имаме големи очекувања. Само овој вид на размислување носи мотивација, желба и волја за тренинг. Повеќе внимание беше посветено на нападот. Многу ми значеше да се вклопам во тимот и нападот кој го играа девојките со голем успех на Светското првенство во Јапонија. Јуниорскито тим работеше со нас и ова е многу важно. Нашата генерација го комплетира својот пат во националниот тим, Олимписките игри ќе бидат нашиот врв во кариерата, и овие млади ракометарки наскоро ќе дојдат на нашите места. Се надеваме дека повредите ќе не заобиколат и ќе можеме да играме на добро ниво и на Европското првенство и во квалификациите за ОИ. Повторувам, ова ќе биде врв на нашите кариери во националниот тим“, рече Андреа Лекиќ за „Балкан Хендбол“:

Србија ќе настапи на претстојното Европско првенство кое започнува на 3 декември, а Србинките се во група со Унгарија, Холандија и Хрватска кои натпреварите ќе ги играат во Трондхајм. Во олимписките квалификации Србија за противници ќе ги има Русија, Унгарија и Кина.