Лев бек oд Струга се сели во Олимпијакос, доаѓа и Шпанецот Монторо!

Левиот бек од Србија, Вукашин Ракоција, кој во пролетниот дел од сезоната, го носеше дресот на Струга, ќе има нов предизвик во кариерата.

Тој веќе замина од Македонија, а според „Greek Handball“, би можел да се пресели во шампионатот на јужниот сосед од следната сезона.

Грчкиот Олимпијакос, кој не ја заврши сезоната и се откажа од настап во грчкото првенство, сепак се враќа на сцената со големи амбиции, иако ќе има минус четири бодови на контото.

Ракоција кој претходно играше за Спартак Војпут, шпанскиот Гранољерс и босанскиот Борац Бања Лука, би требало да е првото засилување за Олимпијакос, додека второто би можел да биде шпанскиот десен бек од Кадетен, Анхел Монторо.