Ландин за враќањето во Данска: Хансен беше пример, лигата се развива многу брзо

Голманот на данската репрезентација и германски Кил од летото 2023 година ќе се врати во неговата татковина и тоа во редовите на Алборг.

Голем број дански ракометари во последниот период се одлучиja да се вратат во данското првенство, а Ландин е еден од нив. Сега во изјава за „ТВ2Спорт“ Ландин објасни зошто се одлучил да се врати во Данска.

Како една од главните причини го наведе и враќањето на Микел Хансен кој од наредната сезона ќе игра исто така за Алборг.

„Микел Хансен е играч кој долго време беше во странство, па неговото враќање сигурно e пример за многумина. Убаво е што данските ракометари се враќаат дома. Данската лига се развива многу брзо, а нивото на квалитетот сигурно ќе се подигне и среќен сум поради тоа“, изјави Ландин.