Лазаров ќе се бори за трофеј на 11 јуни

Тимот на Нант, каде што македонската легенда Кире Лазаров ја игра последната сезона во кариерата, ќе игра во финалето на францускиот Куп.

Нант без повредениот Лазаров го елиминира составот на Шарт, и славеше со 33-30, додека ривал во финалето ќе биде ПСЖ.

Францускиот шампион до финале стигна преку составот на Тулуз, кој го победи со 39-32, предводен од Даинис Кристопанс со девет гола.

Големото финале ќе се игра на 11 јуни во Париз, со почеток во 21:00 часот, како круна на сезоната во Франција, а македонската легенда ќе има шанса со трофеј да замине во пензија