Лазаров ја крена цела сала на нозе, се одјави од Нант со атрактивен цепелин (ВИДЕО)

Кире Лазаров го одигра последниот меч пред навивачите на Нант и претпоследен во својата богата кариера. Останува да го одигра уште финалето во Купот на Франција против ПСЖ.

На затворањето на сезоната во првенството Лазаров постигна три гола од исто толку удари и даде свој придонес во победата на Нант против Тулуз од 32:18, а на полувреме Нант водеше 14:8.

Нант сезоната ја заврши на втората позиција на табелта зад ПСЖ што значи дека следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.

На својот последен првенствен натпревар Лазаров постигна атрактивен погодок од цепелин после одличната акција на тимот. Голот погледентете го во следното видео.