Лазаров презадоволен: Момците одиграа историски натпревар, го заслужија ова финале

Машката кадетска репрезентација на Македонија обезбеди голема победа против Швајцарија после изведувањето на удри од седум метри и со 34:33 (вкупно, инаку 28:28 после 60 минути) дојде до пласман во финалето каде што в недела ќе се игра против Полска.

После натпреварот селекторот Кирил Лазаров го искажа своето видување за она што се случи денеска.

„Драго ми е пред сè поради момците бидејќи се изборија за финале. Во најамала рака имаме второ место. Начинот на кој дојдовме до победата и сè она што се случуваше во 60 минути, но можеше да се види и да видат оние кои ќе ја гледаат ќе се уверат дека ова беше историски натпревар. Не треба да бидат наши миленици туку и неутрални и ќе признаат дека во спортот и ракометот некои работи не се дефинирани и спортот ќе оди надолу доколку не се решат и се одредат судиски критериуми. Се чувствувам горд и среќен на момците и на цела ракометна федерација и на Македонија што успеавме пред сè поради нив“, изјави Лазаров.

Тој е задоволен од изборот на играчите за седум метри и дека момците ја оправдале неговата доверба.

„Ние сме нови, ќе работиме и ќе создаваме. Сметам дека Господ нè сакаше и нè награди на крајот. Многуати бевме во губитничка ситуација, но момците покажаа карактер. Направивме добар избор на играчи на кои им верував за пенали. Навистина сум горд. Работевме 30-40 дена и момците го заслуќија ова. Имаме ден одмор да го заборавивме ова што се случуваше. Оваа победа ќе ги крене момците и в недела во финале ќе излезат без ралика кој е противник. Дури и да е и Данска и најдобриот на светот, дури и Европскиот првак на Европското првенство во Хрватска ќе излеземе да победиме и ќе им покажеме на сите дека заслужуваме да го освоиме овој шампионат“, коментираше Лазаров.

Финалето в недела е од 18 часот, а противник ќе биде Полска против која Македонија обезбеди победа вчера кога и го обезбеди полуфиналето на овој шампионат.

Македонија е во финале – Пенал рулетот донесе голема радост за кадетите