Македонија е во финале – Пенал рулетот донесе голема радост за кадетите

Кадетската репрезентација на Македонија дојде до победа во полуфиналето на ЕХФ шампионатот против Швајцарија после пеналите со 34:33 откако регуларниот дел од средбата заврши со  28:28. Голманот Галевски и Митев беа играчите кои пресудија на Швајцарија за место во финалето в недела против Полска.

Почетокот на средбата мина во знакот на нападите на двете селекции со многу лесни и брзи погодоци така што на двете страни се менуваа стрелците, но без да биде направена поголема предност. Швајцарците беа први кои дојдоа до плус два, а тоа се случи во 14. минута од натпреварот кога резултатот беше 5:7.

При негатива од два гола, одбраната почна да функционира далеку подобро. Ова даде резултат и носеше многу поубаво продолжение. Со серија од 5:0 работите беа комплетно сменети и во 19. минута резултатот беше 10:7 за Македонија.

Откако беа обезбедени плус три во продолжение од средбата дојде до контрола на резултатот и игра која беше многу полесна од првите 15 минути. Иако имаше многу исклучувања на двете страни, сепак, Македонија беше во постојана предност и успеа да остане во водство до заминување на одмор кога предноста беше 15:13.

Вториот дел од натпреварот тргна со контрола на предноста. Македонија постојано имаше постојано водство од еден до три гола така што беше потребно само да се издржи во позитива. Не беше воопшто лесно со оглед на тоа што противникот знаеше како да остане во игра и да задава проблеми.

Одбраната во овој период на моменти го играше она што беше потребно и се посакуваше. Противникот почна да ризикува и често да игра без голман, а при ваква игра многу чесно не се користеше празниот гол за шут од далечина и лесна егзекуција. Често имаше чекор до два плус, па место рано да се одлучи победникот се остави шанса Швајцарија да биде во игра и во финишот.

Таквата игра донесе до 22:22 во 50 минута, а Швајцарија имаше и напад за водство. До предност дојде во 55. минута кога резултатот беше 24:23, а покрај тоа и Митев доби исклучување. Сепак, веќе во следниот напад силите беа израмнети кога Ѓорговски постигна гол за нерешени 24:24, а имаше и исклучување во Швајцарија.

Во финишот имаше драма и борба за секоја топка така што се одеше на сè или ништо, а водството беше вратено на 90 секунди до крај откако Атанасијевиќ и Митев погодија за 27:26. До крајот, сепак, имаше уште три гола, но после нив беше само нерешено 28:28 откако при последниот напад се шутираше недоволно прецизно од средина на теренот во празниот гол.

Оттаму победникот мораше да го одлучат седмерци.

ПЕНАЛ РУЛЕТ

Илиески 1:0

Рајхмут 1:0 (Галевски брани)

Петковски 2:0

Атенхофер 2:1

Ѓорговски 2:1 (Грос брани)

Сахин 2:2

Па. Атанасијевиќ 2:2 (Грос брани)

Леополд 2:2 (Галевски брани)

Митев 3:2

Оштервалдер 3:3

Рајхмут 3:4

Илиески 4:4

Атенхофер 4:5

Петковски 5:5

Сахин 5:5 (Галевски брани)

Митев 6:5

МАКЕДОНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА                34:33 (28:28; 15:13)

Сала: СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Судии: Кристов Алтмр и Мартон Хорват од Унгарија. Делегати: Исгандар Асгаров од Азербејџан и Томо Водопивец од Словенија.

МАКЕДОНИЈА: Ерманоски (5 одб.), Галевски (3 одб., 4 сед.), Ташев, Па. Атансијевиќ 5, Митев 3 (2), Иваноски, Омерагиќ 1, Митревски, Стојчевиќ, Петковски 4 (2), Ѓорговски 5, Пе. Атанасијевиќ, Манчески 1, Стојковиќ 1, Илиески (2), Савревски 7.

Седмерци: 8/11 (6/8), Исклучувања:14 мин.

ШВАЈЦАРИЈА: Бахман (6 од., 1 сед.), Грос (3 одб., 2 сед.), Ален 1, Ридеркнехт 8, Леополд 7, Оштервалдер (1), Валдфогел 4, Рајхмут 1 (1), Вилеке, Атенхофер 3 (2), Шнајдер, Бамерт, Коц, Мирдита 1, Сахин 2 (1), Хајнис 1

Седмерци: 7/12 (5/8), Исклучувања: 10 мин.