Лазаров и Нант против големата Барса во Келн!

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена беше извршена ждрепката за завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Единствен македонски претставник во Келн ќе биде капитенот и селектор Кире Лазаров со францускиот Нант.

Нант во полуфиналето ќе се соочи со екс тимот на Лазаров – Барселона, додека втората двојка ја сочинуваат ПСЖ и Алборг.

Натпреварите од полуфиналето и финалето ќе се одиграат на 12 и 13 јуни во „Ланксес Арена“ во Келн.