Лазаров и Нант го запреа ПСЖ, но освоија само бод

Екипата на Нант имаше одлична средба против тимот на ПСЖ, но не успеа на крајот да се избори за победа туку само за реми од 29:29.

Нант поведе од старт со 4:0 и оваа предност ја имаше некое време. ПСЖ мораше полека да се враќа во ритам и да намалува за да се врати во игра.  До полувреме разликата пад на гол, а на одмор беше 16:15.

Во вториот дел имаше менување во предноста, но Нант влезе во завршницата со позитива. Сепак, немаше можност за да се дојде до подобар резултат. После 28:26, ПСЖ направи 3:0. На ова Нант одговори со гол, а во последната минтуа немаше нови голови, па дојде до поделба на пленот.

На овој дуел Лазаров немаше свој ден. Беше одлично чуван, па заврши само со два гола, но од осум шута.

Со овој бод тимот на Нант само го потврди 2. место на табелата и има бод повеќе од третопласираниот Ним, додека ПСЖ останува со шест бода предност во однос на ПСЖ.