Лазаров е ѕвезда меѓу волонтерите, новинарите, навивачите…(ФОТО)

Македонската легенда Кире Лазаров каде и да се појави секаде привлекува внимание меѓу ракометните вљубеници.

Иако во Плоцк нема голем интерес за натпреварите од Президент Купот, голем дел од присутните посакаа фотографија за спомен со Лазаров.

Меѓу нив беа и волонтерите на Мундијалот, полските новинари кои што ги следат натпреварите од Президент Купот, како и дел од присутните љубители на ракометот.

Како најголем професионалец, Лазаров остана по мечот, пред и после прес конференцијата, да се фотографира со тие што го побараа тоа.

Домаќините го паметат Лазаров од средбите во Лигата на шампионите и натпреварите на неговите тимови со Висла Плоцк, како и од репрезентативните натпревари меѓу Полска и Македонија.

Македонија го доби првиот меч со Алжир со убедливи 40-25, а следните две средби ги игра против Тунис и Мароко.