Куртовиќ со порака до екс тренерот во Ѓер – Тоа е карма, е*и се! (ФОТО)

Репрезентативката на Норвешка, Аманда Куртовиќ во 2019 година пристигна како големо засилување во унгарскиот шампион, Ѓер.

Сепак, ракометарката од Норвешка на почетокот на оваа година ги изненади сите со напуштањето на Ѓер и заминувањето во турската екипа, Кастамону.

Овој трансфер се случи поради тоа што тренер Габор Дани не веруваше во квалитетите на Куртовиќ.

Ѓер пред два дена објави дека ја прекинува соработката со тренерот по високиот пораз на гостински терен од Ференцварош, а по неколку часа од отказот за Дани, Куртовиќ се огласи на Инстаграм.

Таа сподели порака со навредлива содржина, упатена кон нејзиниот поранешен тренер…