Куп на Македонија: Вардар го доби Охрид, Бутел на мегдан со Алкалоид

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за групната фаза во Купот на Македонија во двете конкуренции.

Кај мажите бранителот на титулата Вардар најпрво во групата ќе се соочи со незгодниот Охрид, а потоа ќе игра со победникот од дуелот меѓу Скопје и Јуниор КВ.

Најинтересно ќе биде во групата 3, каде што во полуфиналето Бутел ќе се сретне со Алкалоид, а победникот против Вардар Неготино или Прилеп ќе се бори за Ф4.

Натпреварите од оваа фаза од Купот на Македонија ќе се одиграат на 18/19 март, по што ќе бидат познати сите учесници на завршниот турнир на 14/15 мај.

Куп на Македонија, мажи, групи:

група 1
Вардар – Охрид
Јуниор КВ – Скопје

група 2
Пролет – Голден Арт
Радовиш – Еурофарм Пелистер 2

група 3
Прилеп – Вардар Неготино
Бутел Скопје – Алкалоид

група 4
Куманово – Еурофарм Пелистер
Струга – Тиквеш