Кузмановски одличен – „шестка“ во победата против Мелсунген!

Хановер стигна до победа во натпреварот против Мелсунген на гостински терен од 22:29 , а одличен во овој натпревар беше македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски.

Кузмановски денес со 75% реализација беше втор најдобар поединец во редовите на Хановер. Натпреварот Македонецот го заврши со шест гола од осум обиди. Пред Кузмановски беше само Винсент Бучер кој беше перфектен со „осум од осум“.

Во таборот на Мелсуген најефикасен беше Тобијас Рајчман кој постигна шест погодоци од девет обиди.

Хановер на табелата во германската Бундеслига се наоѓа 14. Позиција, а во наредното коло ги очекува натпревар на домашен терен против третопласираниот Фленсбург.