Кузмановски одигра перфектно, Хановер испушти победа кај Ерланген

Тимот на Хановер, каде што настапува македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, одигра реми на гостувањето кај Ерланген, 21-21, иако имаше шанса да си замине со победа.

Хановер водеше со 20-21,  но прими гол на девет секунди до крајот. Сепак имаше пенал по истекот на времето, кој Хансен не го реализираше и на крајот двете екипи мораа да се задоволат со бод.

Кузмановски одигра перфектно и беше втор стрелец со пет голови од пет обиди, а пред него беше Мартиновиќ со седум, но четири од нив беа од пенал.

Лудвигсхафен, пак, каде што настапува Мартин Томовски, загуби на домашен терен од фаворитот Фуксе Берлин со 23-34.

Томовски собра девет интервенции од 28 упатени удари кон неговиот гол.