Кузмановски најдобар стрелец против Минден

Екипата на Вецлар, во која настапува репрезентативецот на Македонија, Филип Кузмановски, во натпревар од Бундес лигата беше поразена од директниот ривал во борбата за опстанок, тимот на Минден, со два гола разлика, 27:25.

Кузмановски и соиграчите беа во негатива во целиот натпревар и на крајот се изборија за поблаг пораз.

Македонскиот репрезентативец беше најефикасен во поразениот табор, имаше шест погодоци, додека пет додаде Стефан Чавор.

Вецлар по 25 одиграни натпревари останува на 16. позиција на табелата со биланс од пет победи, едно реми и дури 19 порази.

Тимот на Кузмановски има 11 бода на свое конто и до крајот треба да го подобри бодовното салдо за да обезбеди опстанок во најквалитетното натпреварување во светот.