Кузмановски асистира, Мартиновиќ реализира – балканска атракција во Хановер (ВИДЕО)

Tимот на Хановер вчера стигна до победа против Мелсунген, а еден од најдобрите на теренот во германскиот тим беше македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски.

Кузмановски натпреварот го заврши со шест голови и само две промашувања, а покрај головите додаде и уште шест асистенци со што учествуваше во половина голови на својот тим. Најдобрата асистенција Кузмановски ја имаше за Мартиновиќ кој ја искористи со цепелин. Хрватскиот ракометар исто така го заврши натпреварот со шест гола.