Крстевски со одличен почеток на сезоната, прв стрелец во победата на ЧСМ Фочани

Интернационалецот од Македонија во шампионатот во Романија, Горан Крстевски имаше одличен ден во кој постигна пет гола.

Неговиот тим, ЧСМ Фочани дојде до победа од 24:23 против составот на Потаиса Турда во многу важен натпревар на ој се очекуваше да има возбудувња.

Домашните со ова само покажаа дека имаат одличен старт и имаат четири од четири така што се веднаш зад тимот на Динамо Букурешт кој има пет од пет.

Ова е добра можност и за Крстевски да покаже дека во новата сезона игра во одлична форма така што сега ќе се чекаат уште подобри партии.