Крстевски се активира и на тренерско поле, стана асистент во женскиот тим на Паргас

Македонскиот интернационалец Илија Крстевски, паралелно со играчката кариера, ќе започне и тренерска.

Тој ќе биде асистент тренер во женскиот тим на Паргас ИФ, кој ќе игра во елитната женска конкуренција во Финска.

Крстевски ќе биде активен и како ракометар, но неговиот тим Паргас ИФ, сезонава ќе игра во втората по ранг лига во скандинавската земја.

Десното крило во Македонија ги бранеше боите на Пролет, Металург, Борец и Јуниор Кисела Вода, а веќе петта година е во Финска.