Крстевски и Тренчевски обезбедија Ф4 во Купот на Финска

Тимот на АИФК, каде што играат македонските интернационалци Александар Тренчевски и Илија Крстевски, обезбеди место на Ф4 турнирот во Купот на Финска.

АИФК на домашен терен немаше проблеми и славеше убедливо против составот на ЕИФ со 32-25.

Десното крило Крстевски постигна три погодоци на овој натпревар, додека кружниот напаѓач Тренчевски даде еден гол.

Покрај АИФК, на завршниот турнир во Купот на Финска што ќе се игра во април догодина, место обезбедија Кокс, БК46 и ХИФК.