Кристијансанд обезбеди четвртфинале во ЛШ, ќе го предизвика Ростов Дон

Ракометарките на норвешкиот претставник во Лигата на шампиони, Крситијансанд, обезбеди пласман во четвртфиналето откако нагости го совлада Оденсе со 26:30.

После првиот натпревар тимот од Данска имаше предност од еден гол кога славеше со 36:35, но сепак тоа не беше доволно за пласман во следната фаза. Во текот на целиот натпревар Кристијансанд имаше предност, во еден момент имаше и највисоки седум, но Оденсе се враќаше.

На полувреме беше 14:19, а во продолжението Оденсе во неколк наврати имаше минус еден и резлутат за пласман во четвртфиналето но не издржаа. На крај Крстијансанд славеше победа од четири разлика што беше повеќе од доволно за чевртфинале.

Предводник на победничкиот тим беше Лин Суланд со осум погодоци, додека пет постигна Реистад. Во екипата на Оденсе, најефикасна беше Да Силва со шест гола, а Абинг и Халд погодија по пет пати.

Лига на шампиони, четвртфинале:

ЧСМ Букурешт – ЦСКА Москва
Будуќност – Ѓер
Кристијансанд – Ростов Дон
Брест – Мец