Украина ги шокираше „кралиците на шокот“ среде Хрватска!

Продолжија квалификациските натпревари за обезбедување место на Европското првенство 2022 година кое ќе се одржи во Македонија, Словенија и Црна Гора.

Првото изненадување го направи репрезентацијата на Украина која на гостински терен во Ријека ја шокираше Хрватска со 23:22, и најави борба за првата позиција во четвртата квалификациска група.

Украина ги освои бодовите со подобрата игра во одбраната во вториот дел. Хрватска на полувреме имаше предност од 15:11. Сепак, избраничките на Ненад Шоштариќ одиграа катастрофално второ полувреме и постигнаа само седум гола во мрежата на противникот, додека гостинките од Украина постигнаа дури 12 гола во вториот дел. Најефикасна во репрезентацијата на Хрватска беше Ќамила Мичијевиќ со осум гола. Во украинската репрезентација, Ирина Глибко ги предводеше стрелците со шест погодоци.

Во второто коло, Хрватска ќе игра против Чешка во Злин, додека репрезентацијата на Украина на домашен терен ќе ја пречека фаворизираната Франција. И двата натпревари се закажани за 10 октомври.

Шведска во скандинавското дерби немаше големи проблеми против младата репрезентација на Исланд и лесно се дојде до победа од 30:17. Предводник во шведската репрезентација беше искусната, Јасмина Робертс со шест гола.

Во преостанатите натпревари, Данска беше подобра од Австрија со 27:22, а репрезентацијата на Германија со 26 гола разлика ја декласираше Грција, 36:10. Ракометарките на Грција во вториот дел постигнаа само два гола, откако на полувреме имаа негатива од 8:17.

Во ЕХФ Евро Купот, покрај мечот Македонија – Црна Гора, кој заврши со триумф на гостинките, се играше и во Норвешка, каде домаќинот немаше никакви проблеми против ослабената Словенија и славеше со убедливи 29-17.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2022, 1 КОЛО, РЕЗУЛТАТИ:

ГРУПА 1

ПОЛСКА – ЛИТВАНИЈА 36:22 (22:12)
РУСИЈА – ШВАЈЦАРИЈА 26:22 (13:17)

ГРУПА 2

РОМАНИЈА –  ФАРСКИ ОСТРОВИ 26:19 (15:14)
ДАНСКА – АВСТРИЈА 27:22 (12:11)

ГРУПА 3 

ХОЛАНДИЈА – БЕЛОРУСИЈА 38:27 (21:16)
ГЕРМАНИЈА – ГРЦИЈА 36:10 (17:8)

ГРУПА 4

ФРАНЦИЈА – ЧЕШКА 38:22 (19:12
ХРВАТСКА – УКРАИНА 22:23 (15:11)

ГРУПА 5

УНГАРИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 34:24 (17:15)
ШПАНИЈА – СЛОВАЧКА 33:28 (17:11)

ГРУПА 6

СРБИЈА – ТУРЦИЈА 36:17 (21:13)
ШВЕДСКА – ИСЛАНД 30:17 (14:5)

ЕХФ ЕВРО КУП, 1 КОЛО, РЕЗУЛТАТИ:

МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА 21-29
НОРВЕШКА – СЛОВЕНИЈА 29-17