Краков е обоен во „црвено-жолто“ – доаѓаат македонски навивачи од секаде (ФОТО+ВИДЕО)

Македонија вечерва го започнува настапот на осмото Светско првенство во Полска и Шведска, а ривалот е Норвешка.

Најголем дел од навивачите пристигнаа во Краков, дел ќе пристигнат викендов, а улиците на овој полски град веќе се обоени во „црвено-жолто“.

„Фалангата“ ги окупира кафулињата во централното градско подрачје, а фан-зоната за Македонците е лоцирана во пивницата „Лубич“.

Навивачи има од Скопје, Битола, Прилеп, Кочани…па овие денови Краков ќе биде „македонски град“.

Натпреварот меѓу Македонија и Норвешка се игра вечерва во „Таурон Арена“ со почеток од 20:30 часот.