Крадци го ограбиле станот на Хансен – Данецот остана без накит вреден 60.000 евра!

Ѕвездата на ПСЖ и данската репрезентација Микел Хансен, имаше голема непријатност изминатите денови.

Неговиот стан во Париз бил ограбен, а во моментот на кражбата неговата сопруга Стефани Гунделах била дома. Тие останале без накит вреден 60.000 евра.

Како што пишува „Л’екип“, крадците влегле во домот на Хансен како работници кои требало да поправат нешто.

Откако си заминале работниците-крадци, Гунделах сфатила дека се ограбени. Таа го видела скршениот сеф, каде што го немало украдениот накит.

Француската полиција веќе презема активности за да ги открие сторителите.