Коњалти со Јанеска и Гакидова блиску до трето коло од Европскиот Куп

Двете ракометарки од Македонија, Моника Јанеска и Ивана Гакидова заедно со екипата на Коњалти имаа успешен старт на европска сцена.

Коњалти во рамки од второто коло од Европскиот Куп славеше победа над грчката екипа Пилаја со резултат 31:27.

Јанеска и Гакидова натпреварот го завршија со по два постигнати погодоци. Екс ракометарката на Вардар, Алена Ихнева беше најефикасна во победничката екипа со седум погодоци од исто толку обиди.

Реванш натпреварот меѓу Коњалти и Пилаја ќе се одигра на 16 октомври. Подобриот од овој двобој ќе обезбеди пласман во третото коло од Европскиот Куп.