Кој против кого на стартот – прволигашката конкуренција стартува на 23 септември

По извлекувањето на групите и редните броеви за новата сезона во Првата лига, познат е и распоредот.

Стартот на прволигашката конкуренција е планиран за викендот 23/24 септември, а до крајот на годинава би требало да се одиграат сите натпревари од регуларниот дел.

Во пролетниот дел од сезоната екипите ќе се поделат на плеј-оф и плеј-аут, а кога ќе биде потврден системот на натпреварување за Супер лигата за следната сезона, ќе биде познато и колку екипи од Првата лига ќе се пласираат во елитата.

Единствениот нов тим во оваа конкуренција, Преспа Вардар, ќе гостува во Струмица во првото коло, додека интересно ќе биде во Богданци, каде Младост го чека Текстилец.

Драчево ќе гостува кај некогашниот шампион на Македонија, Борец, додека Јехона оди кај Шампион.

Поранешниот суперлигаш Радовиш стартува на домашен терен со Овче Поле, Македонија Ѓорче Петрови гостува во Кичево, додека Металург РА ќе игра против Партизан Гевгелија.

Прва лига, група А, 1 коло:

Астраион – Преспа Вардар
Младост Богданци – Текстилец
Борец – Драчево
Шампион – Јехона

Прва лига, група Б, 1 коло:

Радовиш – Овче Поле
Кичево – Македонија ЃП
Партизан Гевгелија – Металург РА
Бисинов слоб.

Првата лига ќе се игра со 15 екипи – еве како изгледаат двете групи