Првата лига ќе се игра со 15 екипи – еве како изгледаат двете групи

Денеска во просториите на Ракометната Федерација на Македонија беше извршена ждрепката за групите и натпреварувачките броеви на екипите од Првата лига.

Во новата сезона во прволигашката конкуренција ќе играат 15 екипи, поделени во две групи со осум и седум екипи.

Ќе се игра регуларен дел од 14 кола исто како кај суперлигашите, а потоа ќе има плеј-оф и плеј-аут.

Првото коло ќе се игра следниот викенд на 23/24 септември, а до крајот на годинава би требало да се одиграат сите 14 кола од регуларниот дел, плус натпреварите од елиминациското коло во Купот на Македонија.

Прва лига, сезона 2023/24:

Група А: Драчево, Младост Богданци, Астраион, Шампион, Текстилец, Јехона, Борец, Преспа Вардар

Група Б: Радовиш, Металург РА, Македонија ЃП, Кичево, Овче Поле, Бисинов, Партизан