Кој е најбогатиот човек во светот на ракометот со 700 милиони долари?

Претседателот на Руската ракометна федерација, Сергеј Шишкарев, е најбогатиот човек во светот на ракометот.

Рускиот бизнисмен со неговата компанија ДЕЛО Груп се наоѓа на 149. место на Форбс листата на најбогатите во Русија, со богатство кое се проценува на 700 милиони долари.

За да ја зголеми популарноста на ракометот во руската престолнина, Шишкарев ги спонзорира тимовите на ЦСКА Москва – и машкиот и женскиот каде што игра Сара Ристовска.

Двете екипи ќе играат натпреварите од руското првенство во салата „Игровој“, но таа има мал капацитет, па Шишкарев има намера да инвестира во нова арена, во која ќе играат двата клуба, а ќе тренираат и националните репрезентации.

Финансирањето на Шишкарев во ракометот досега е проценето на повеќе од 30 милиони долари.